Вајли нов кошаркар на Бетис: Возбуден сум што ќе играм за овој клуб

Кошаркаскиот клуб Бетис денеска го промовираше Џејкоб Вајли за нов кошаркар на екипата. Македонскиот кошаркар со американски пасош рече дека е возбуден што се враќа во Шпанија, откако играше за Сарагоса во 2019 година.

„Многу сум возбуден што доаѓам овде, тоа е голем клуб и има многу таленти во тимот. Мојата улога е да ја ставам целата моја енергија и да бидам продуктивен за екипата“, објасни Вајли. 

Во минатото играше за Лудвигсбург, Аделаида, Панатинаикос, Сарагоса, а последен клуб му беше Будуќност за кој играше до декември. Црногорскиот клуб потоа го суспендираше поради тоа што не се вратил во Подгорица по настапите за македонската репрезентација.

Се вчитува...