Вајли со победа ја стартуваше авантурата во Реал Бетис

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џејкоб Вајли со триумф ја стартуваше својата авантура во дресот на шпанскиот прволигаш Реал Бетис. Тимот од Севилја вечерва на домашен терен во еден трилер натпревар беше подобар од Бреоган со 84-81.

По очајниот старт и негативата во првата четвртина, до полувреме „зелено-белите“ заиграа подобро и успеаја целосно да се вратат во мечот. Во вториот дел се играше израмнето, а поголемата концентрација во финишот беше клучна за триумф на Бетис.

Џејкоб Вајли во својот прв меч во дресот на Бетис помина 20 минути во игра во кои постигна четири поени, надополнети со две асистенции и еден скок.

 

 

 

 

 

Се вчитува...