Вајналдум: На „Енфилд“ никогаш не престанувате да верувате

Ливерпул на сензационален начин се пласира во финалето на Лигата на шампионите елиминирајќи ја Барселона со триумф од 4-0 на „Енфилд роуд“. Англискиот тим имаше негатива од три гола (0-3) по првиот меч на „Камп Ноу“, но успеа да направи чудо. Два гола постигна „златната резерва“ Џорџинио Вајналдум.

„На „Енфилд Роуд“ никој никогаш не престанува да верува. И ние и навивачите потајно верувавме во чудо, иако малкумина смееја тоа да го изговорат по поразот на првиот натпревар. Но, се вративме чудесно, одигравме речиси перфектно, а и сега патот не е завршен. Одиме во Мадрид да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите“, изјави Вајналдум.

Ливерпул вечерва ќе го добие ривалот во финалето. Во втората полуфинална пресметка се среќаваат Ајакс и Тотенхем, а холандскиот состав има предност од 1-0 по првиот дуел во Лондон.

Се вчитува...