Вака беше во Мец: Реми за радост на Македонија (видео)

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Последниот дуел на големите натпреварувања меѓу Македонија и Исланд беше на последниот Мудијал во Франција, и тогаш во последното коло од групната фаза. Двете селекции веќе беа пласирани во осминафиналето, но се водеше битка за да се избегне домаќинот Франција како ривал за првата нокаут рунда.

Исланд беше со значително променет состав на овој шампионат, Палмарсон не беше во тимот поради повреда, лидер на оваа селекција беше Сигурдсон, кој се повреди непосредно пред ова СП. Исланѓаните тогаш ги водеше селекторот Свеирсон, кој во меѓувреме му го препушти своето место на Гудмундсон, а во однос на тој тим годинава го нема Карасон, кој во 2017 беше прв стрелец против Македонија со седум погодоци.

Клучната разлика меѓу Македонија од 2017 и оваа од СП 2019 е што повеќе на клупата го немаме Лино Червар, туку Раул Гонзалес. Целосно е променета и голманската позиција, каде сега ги имаме Борко Ристовски и Никола Митревски на местото на Колев и на Трајковски.

Колев беше херој на тоа реми бранејќи го последниот шут и спречувајќи пораз на Македонија. Тој го заврши мечот со 13 интервенции, а покрај најдобриот стрелец Лазаров одличен настап имаше и Гоце Георгиевски, постигнувајќи шест гола од седум обиди.

Се вчитува...