Вака се сака земјата и репрезентацијата – Шенгелија е пример за сите

Капитенот на грузискиот национален тим и ѕвезда на Барселона, Торнике Шенгелија, ќе направи нов херојски чин во историјата на екипните спортови. Само 19 часа по завршувањето на евролигашкиот меч против Барселона, Шенгелија ќе слета во Тбилиси и директно ќе се приклучи на репрезентацијата за клучниот квалификациски дуел против Украина.

По утрешниот меч во Евролигата, Торнике ќе може да одмори само неколку часа во Барселона, бидејќи следното утро во осум часот го чека директниот лет Барселона–Тбилиси. Поради временската разлика од 3 часа, кога авионот полетува во Шпанија, во Грузија е веќе 11 часот наутро.

Авионот слетува во Тбилиси во 15.50 часот. Еден час подоцна, во 16.50, Шенгелија пристигнува во хотелот каде е сместена репрезентацијата. Без одмор, без тренинг, без прилагодување во 18.45 заминува кон Тбилиси Арена. Натпреварот Грузија – Украина почнува во 20.50 часот.

„Вакво нешто не се памети ниту во кошарката, ниту во кој било друг екипен спорт“, пишувааат новинарите во Тбилиси.

Шенгелија, кој ќе поминe 4.500 километри за помалку од еден ден, ќе го предводи својот тим во битката за пласман на Светското првенство.

Се вчитува...