Шпанскиот прволигаш Валенсија ќе му дозволи на репрезентативецот Родриго Морено да замине од „Месталја“ за сума од 70 милиони евра. Италијанскиот калчолигаш Наполи е сериозно заинтересиран за негов ангажман, но Валенсија нема намера да го продаде по секоја цена.
Пред шест месеци за Родриго се интересираше и Реал Мадрид, а тогаш раководството на Валенсија побара „кралевите“ да ја платат отштетната клаузула од неговиот договор која изнесува 120 милиони евра. За Наполи, има „попуст“ од 50 милиони евра, но се чини дека и тоа е преголема сума за реализација на трансферот ова лето. Засега „наполитанците“ се подготвени да платат 45 милиони евра за да го добијат правото за преговори со Родриго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА