Валенсија го позајми и Жефри Кондогбиа од Интер

Играчот за врска на Интер, Жефри Кондогбиа преминува во редовите на Валенсија на едногодишна позајмица. Шпанскиот прволигаш ќе има можност да го откупи Французинот следниот летен преоден рок за сума од 25 милиони евра. Кондогбиа прави кам-бек во Ла Лига, претходно ги бранеше боите на Севилја во сезоната 2012/2013.

24-годишниот француски интернационалец ќе започне со тренинг уште утре, а се очекува да биде достапен и за дуелот против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“  во недела. Кондогбиа е вториот фудбалер кој доаѓа како позајмен фудбалер од составот на „нероаѕурите“ ова лето, по колумбискиот репрезентативец, Жеисон Мурило.

Интер исплати 36 милиони евра за неговите услуги на Монако пред две сезони, но никогаш не ги освои симпатиите на тренерите и навивачите на Интер. Кондогбиа дури не се појавуваше на тренинзите на првиот тим, со цел да го изнуди привремениот трансфер во Валенсија.

Се вчитува...