Валенсија и откина на Севилја два бода во трката за титулата во Ла лига (ВИДЕО)

Валенсија и Севилја одиграа без победник 1-1 во натпревар од 21. коло во шпанската Ла лига. Гостите поведоа со 0-1 со автоголот на Диакаби во 7. минута, додека конечните 1-1 ги постави Гуедеш во 44. минута.

До крајот за издвојување е црвениот картон кој го доби фудбалерот на домашните Гаја во 89. минута. Со ова реми тимот од Андалузија пропушти шанса да му се доближи на Реал Мадрид на само два бода на првенствената табела.

 

 

 

Се вчитува...