Валенсија носи „отпишан“ фудбалер на ПСЖ

Валенсија продолжува со засилувањата за ова лето, Гонкало Гуедес од ПСЖ ќе биде следниот фудбалер кој ќе ја мине сезоната на позајмица на „Месталја“. 20-годишниот офанзивец е четвртото засилување за „лилјаците“ во последните два дена, откако пристигнаа Жеисон Мурило и Жефри Кондобиа од Интер, како и Габриел Паулиста од Арсенал.

 Јасно е дека нема да има место за Гуедес во првиот тим на Парижаните, па позајмица останува едиствена опција за Португалецот во потрага за поголема минутажа. Доаѓањето на Нејмар и најавениот трансфер на Мбапе тотално го „отпишаа“ португалскиот репрезентативец од составот на Емери. Талентираниот Гуедес одигра само 11 натпревари за ПСЖ откако пристигна во јануарскиот преоден рок за сума од 30 милиони евра, а забележа само една асистенција.

Се вчитува...