Валенсија оди во ЛШ, Хетафе извиси

Фудбалерите на Валенсија го обезбедија учеството на тимот во Лигата на шампионите следната сезона откако го совладаа Валјадолид на гости со 0-2. Карлос Солер и Родриго беа стрелци на головите за „лилјаците“ во последниот меч од шампионатот на Ла Лига. Валенсија го освои четвртото место со 61 бод, а извиси Хетафе, кој одигра 2-2 против Вилјареал на домашен терен.

Портилјо и Максимовиќ погодија за Хетафе, но Ибора и Морено возвратија за Вилјареал.

Севилја го совлада Атлетик Билбао со 2-0, а со идентичен резултат Еспањол славеше против Реал Сосиедад.

Се вчитува...