Валенсија поразена од Реал Мадрид, Димитријевиќ го имаше потегот на мечот (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија загубија на домашен терен од Реал Мадрид со 79-93 во меч од шестото коло во шпанската АЦБ лига. Валенсија одлично го отвори мечот и по десет минути игра имаше предност од три поени против големиот фаворит 23-20.

„Кралевите“ ја зацврстија одбраната во вториот период, по што стигнаа до пресврт и на полувреме заминаа со предност од 39-42. Во „егал“ помина и третата четвртина, а во последниот период мадридскиот клуб го урна отпорот на Валенсија и стигна до триумф од 79-93.

Димитријевиќ натпреварот го заврши со 12 поени и една асистенција.

 

 

 

Се вчитува...