Валенсија сака да го врати Давид Силва на „Месталја“

Капитенот на Манчестер Сити, Давид Силва, би можел да се врати на „Месталја“ и повторно да заигра за Валенсија, пренесува „Марка“. Тоа е клубот што го лансираше Давид Силва и раководството се надева дека фудбалерот ќе се сложи да им помогне наредната сезона откако ќе му заврши договорот со „граѓаните“.

Давид Силва најави дека по една деценија ќе замине од Манчестер Сити иако и Пеп Гвардиола би го задржал тимот.

Покрај Валенсија и италијанскиот калчолигаш Милан е заинтересиран за ангажман на одличниот играч за врска. Давид Силва има и фантастична понуда од МЛС – лигата, од Интер Мајами чиј сопственик е Дејвид Бекам.

Давид Силва за Манчестер Сити одигра 423 натпревари и постигна 73 гола, а забележа и 134 асистенции. Со „граѓаните“ освои четири шампионски титули во Премиер – лигата.

 

 

Се вчитува...