Валенсија се „провлече“ против Кадиз и се пласираше во полуфиналето на „Копа дел реј“ (ВИДЕО)

Валенсија е вториот патник во полуфиналето во шпанскиот „Копа дел реј“ откако вечерва потешко од очекуваното славеше над Кадиз со 2-1. Домаќините дојдоа до водство со голот на Гонсало Гуедеш во 24. минута резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел гостите преку Лукас Перез од пенал во 54. минута израмнија на 1-1, додека пласман на Валенсија меѓу четирите најдобри донесе Иго Дуро со гол во 79. минута. За издвојување е и црвениот картон кој го доби играчот на гостите Хуан Кала во 85. минута.

Претходно денеска во првото четвртфинале Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано славеа минимално (1-0) против Мајорка.

 

 

Се вчитува...