Ван Бастен: Дони направи огромна грешка што потпиша за Манчестер Јунајтед

Легендата на холандскиот фудбал, Марко ван Бастен е убеден дека Дони ван де Бек направил голема грешка што летово за сума од 50 милиони фунти премина во Манчестер Јунајтед. Според Ван Бастен младиот холандски фудбалер морал да почека друга понуда или пак да остане во Ајакс уште една сезона.

„Му велев да не потпише во Јунајтед. Во моментов тоа не е добар клуб за него. Требаше да почека друга понуда, или пак да остане во Ајакс“, изјави Ван Бастен. 

Ван де Бек сезонава во дресот на „црвените-ѓаволи“ запиша скромни четири настапи и покрај згуснатиот распоред кој го имаат клубовите поради доцното почнување на сезоната, а ниту еднаш не беше стартер. Успеа да се запише во листата на стрелците само во премиерниот меч против Кристал Палас.

Се вчитува...