Ван Дајк е играч на сезоната во Премиер-лигата

Вирџил ван Дајк е избран за најдобар фудбалер во Премиер-лигата за сезоната 2018/2019, во изборот објавен на официјалната веб-страница на елитното англиско фудбалско друштво.

Холандскиот ас беше дел од финалниот избор заедно со Садио Мане, Еден Азар, Серхио Агуеро, Рахим Стерлинг и Бернардо Силва. На крајот, пресуди неговиот лидерски карактер со кој го предводеше Ливерпул во битката за титулата која трае буквално до последното коло, па Ван Дајк пред дуелот со Вулверхемптон собра уште едно дополнително признание.

Претходно, дефанзивецот на Ливерпул беше избран за играч на сезоната и од Здружението на професионални фудбалери во Англија.

Се вчитува...