Вирџил ван Дајк ги минува последните месеци во дресот на Ливерпул откако холандскиот дефанзивец веќе ставил до знаење дека нема намера да потпише нов договор по истекот на актуелниот на крајот од оваа сезона.
Ван Дајк во 2025 потпиша нов двогодишен договор заедно со Мо Салах и со Алисон Бекер, на Салах му беше дозволено да си замине без отштета минатото лето, а одличниот дефанзивец смета дека е дојдено времето да го отстапи своето место на „Енфилд“, воедно и тој самиот да избере нов предизвик во кариерата пред и официјално да ја заврши кариерата.
Ван Дајк следното лето ќе наполни 36 години, но тоа не е проблем за челниците на Милан кои веќе стапиле во контакт со ветеранот, изразувајќи ја големата желлба да го доведат на „Сан Сиро“. Росонерите“ во последните години доведоа неколку засилувања без отштета, а откако Лука Модриќ се наметна како лидер на залезот на кариерата, италијанскиот гигант сега сака истото да го повтори и со Ван Дајк.
За Холанѓанецот ќе биде подготвен двогодишен договор, а со оглед на послабото ниво на игра во Калчото отколку во Премиер-лигата, Ван Дајк ќе има можност да продолжи да игра во топ-ритам и на залезот од кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
