Ван Дајк: Не може да сум несреќен што сум втор во светот…

Вирџил ван Дајк за многумина беше фаворит во трката за наградата “The Best”, но холандскиот ас го освои само второто место зад Лионел Меси. Многумина би биле разочарани, но скромниот „џин“ на Ливерпул е задоволен и од тој пласман, откако веќе ги победи Меси и Роналдо во гласањето за наградите на УЕФА.

„Разочаран? Па јас не можам да сум несреќен што сум избран за втор најдобар фудбалер во светот. Луѓето гласаа и донесоа одлука, нормално е таа одлука да се прифати и почитува. Реално е дека не може да ме споредувате мене со Меси како фудбалер, бидејќи сме сосема различни. Јас лично сум пресреќен што воопшто бев дел од овој избор“ – изјави Ван Дајк.

Холандскиот ас останува еден од главните кандидати и за третата главна индивидуална награда за 2019 година, „Златната топка“ што ја доделува „Франс Фудбал“.

Се вчитува...