Ван Дајк: Никогаш не мислам дека ми е лесно, но можеби сакам моите противници да мислат така

Вирџил ван Дајк прерасна во еден од најдобрите дефанзивци на планетата во дресот на Ливерпул. Многумина исто така би рекле дека тој во моментов нема конкуренција, а фудбалерот на Ливерпул и често е рангиран меѓу најдобрите стопери во историјата на Премиер лигата.

Со неговото пристигнување, „црвените“ станаа тим од шампионски калибар, Холанѓанецот беше еден од клучните играчи во освојувањето на Лигата на шампионите и титулата во Англија, а впечаток е дека со неверојатна леснотија доминира над своите противници. Сепак, како што изјави за книгата чиј автор е Лео Мојнијан, Вирџил посочува дека секој натпревар е тежок за него, затоа што игра против некои од најдобрите напаѓачи во светот.

Иако се добива впечаток дека тој лесно може да се справи со сите тешкотии на теренот, да ги „совлада“ противничките играчи и често да учествува во создавање на шанси за своите соиграчи со долги топки, Холанѓанецот тврди дека секој натпревар носи посебна тежина и дека работите не се едноставни како што изгледаат.

“Некои луѓе знаат да кажат дека го поедноставувам фудбалот во одбрана, но верувајте ми, секој натпревар е многу тежок. Играме против напаѓачи од светска класа, тие имаат одлична физичка подготвеност и никогаш не мислам дека било кој натпревар е лесен. Од друга страна, можеби и сакам противниците да мислат така. Погледнете го Роџер Федерер. Кога ќе го видите како игра, мислите дека не се ниту поти. На тој начин тој сигурно психички им влијае на неговите противници”, изјави Вирџил.

Се вчитува...