Ван Дајк со жестока порака кон соиграчите по поразот од Евертон: „Погледнете се во огледало…“

Ливерпул загуби од Евертон со 2-0 во синоќешната градска пресметка во Премиерлигата, што значи сериозно намалување на шансите за освојување на шампионската титула.

Капитенот на „црвените“, Вирџил Ван Дајк сосема очекувано беше бесен по завршувањето на мечот испраќајќи жестока порака до соиграчите за односот на терен последниот период.

„Премногу сум разочаран. Најпрво поради фактот дека демонстрираме игра со која не можеме да се сметаме кандидати за титулата. Секој мора да се погледне во огледало, треба да ги согледа своите перформанси и да се запраша дали навистина даде се од себе? Треба да се запрашаме дали навистина сакаме да ја освоиме титулата?“ – вели Ван Дајк.

Ливерпул, секако не се откажува од трката затоа што има уште бодови во игра, но јасно е дека сега ќе биде речиси невозможно.

„Има уште многу натпревари до крајот, но ако играме како денеска, нема никакви шанси. Ова е тежок и болен пораз, а игравме против тим кој се бори за опстанок. Имавме чисти шанси во првиот дел, требаше да дадеме гол и не бевме доволно добри. Не смееме да си дозволиме сезоната да ни се лизне од раце на ваков начин“ – рече бесниот Ван Дајк.

Се вчитува...