Ван Дајк за Меси: Што и да правите, не можете да го запрете

Вирџил ван Дајк пред неколку дена беше избран за најдобар фудбалер во Премиер-лигата, но холандскиот „џин“ изгледаше како мало дете во пресметката со Лионел Меси. Аргентинецот ја предводеше Барса до победа од 3-0 над Ливерпул, а Ван Дајк по мечот имаше само комплименти за противникот.

„Кога играте против Меси во неговото најдобро издание, јасно ви е дека што и да правите, не можете да го запрете. Тој е фантастичен, убедливо најдобар во светот, поседува нешто плус од сите останати и го покажува тоа со години наназад. Можам само да кажам дека сум среќен што не играм во Шпанија, па секоја сезона да морам по неколку пати да се среќавам со него“ – истакна Ван Дајк.

Холанѓанецот може да се надева дека Меси нема да биде толку расположен за игра на реванш-натпреварот што е закажан за 7 мај на „Енфилд“ во Ливерпул.

Се вчитува...