Ван дер Сар: Ајакс нема да го распродаде тимот ова лето

Ајакс приреди уште една блескава игра, го совлада Тотенхем во Лондон со 0-1 и се наоѓа на чекор до големото финале во Лигата на шампионите. Младите момци од Амстердам уште еднаш покажаа дека имаат неверојатен квалитет и веќе се на листата на желби на најбогатите европски клубови. Но, спортскиот директор, прославениот голман Едвин ван дер Сар, вели дека Ајакс нема да го продаде тимот ова лето.

„Заминувања ќе има, тоа е јасно. Таква е приказната на Ајакс. Така беше и во осумдесеттите и во деведесеттите години, и на почетокот на новиот милениум, така е и сега. Но, нема да продадеме седум фудбалери и да останеме без речиси цел тим. Сакаме да бидеме компетитивни и следната сезона, а јасно е дека ќе заминат тие што се најбарани на европскиот пазар. И за нив веќе се подготвени замени, така работи Ајакс“, изјави Ван дер Сар.

Реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Ајакс и Тотенхем ќе се одигра на 8 мај во Амстердам.

Се вчитува...