Ван Гал: Холандија не е светска класа

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Луис Ван Гал го започна својот трет мандат на менаџерската позиција со реми (1-1) против селекцијата на Норвешка во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Ова предизвика критики во јавноста, на што тој одговори дека неговиот тим не е од светска класа.

Искусниот стручњак имаше само два дена да тренира со тимот пред првиот квалификациски натпревар за Светското првенство во групата Г со Норвежаните.

„Нашиот противник се бранеше во многу компактен простор, што ја направи нашата игра потешка. Во тие ситуации треба да бидете креативни и цврсти со топката, што ние не бевме … Ја загубивме топката во ситуации за кои мислев дека се непотребни. Им реков на играчите дека сме невнимателни. Но, тоа е и поради начинот на кој играше Норвешка. Можеби мислиме дека оваа холандска репрезентација е светска класа, но не е! Мораме да функционираме како тим. Норвешка одигра многу добро како тим“, изјави Ван Гал.

Холандија заостанува еден бод зад Турција во групата, која одигра 2-2 со Црна Гора. Следниот натпревар неговиот тим го игра в сабота во Ајндховен против Црна Гора.

„Ако не почнеме да победуваме сега, не заслужуваме ниту да бидеме на врвот во нашата група“, заклучи Ван Гал.

Се вчитува...