Ван Гал: Не ми е добро, но мозокот ми работи

И покрај повредата на колкот, селекторот на Холандија, Луис ван Гал ќе биде на клупата на својата репрезентација на мечот против Норвешка во последното коло од квалификациите за Светското првенство.

Искусниот стручњак се повредил во неделата кога паднал од велосипедот, по што бил префрлен во болница. Тој во понеделникот одржа тренинг, откако најмил еден од помошниците да го вози во возило за голф.

„Физички не сум добро, но мојот мозок се уште работи. Чувствувам силна болка, затоа и користев возило на тренинг. Но, ја одработив подготовката за натпреварот како и секогаш“, замклучи Луис.

За потсетување, на Холандија вечерва и е потребна победа над Норвешка за да биде безгрижна и конечно да се пласира на Светското првенство.

Се вчитува...