Ван Перси не игра на реваншот со Вардар!

Шансите на Вардар за пласман во групната фаза за Лигата на Европа уште повеќе се зголемија откако Робин ван Перси отпадна од комбинација за настап на реваншот што в четврток ќе се игра во Истанбул.

Најдобриот напаѓач на Фенербахче беше жестоко критикуван за слабиот настап на дербито против Трабзон, за денесна да биде обелоденето дека Холанѓанецот има грип, поради што не тренирал и сигурно нема да биде во комбинација за дуелот со „црвено-црните“ од Скопје.

Како што најавуваат турските медиуми, нападот на Фенербахче на реванш дуелот ќе го предводи Роберто Солдадо, кој се уште е во исчекување на својот прв гол во дресот на турскиот гигант.

Само за потсетување, дуелот во Истанбул ќе го пропушти и Бразилецот Соуза, кој заработи црвен картон во самиот финиш од средбата во Скопје.

Се вчитува...