Ван Перси се враќа во Феенорд

Холандскиот прволигаш Феенорд ќе го врати во своите редови Робин ван Перси. Прославениот фудбалер „никна“ во Ротердам, а потоа направи голема фудбалска кариера во Англија. Последните години ги има во Фенербахче, но сега и дефинитивно реши да се раздели и да се врати во својот клуб.

Според информациите од Холандија, Робин ван Перси треба во текот на денешниот ден да пристигне во Ротердам на финални преговори со раководството на Феенорд, а потоа и да потпише договор за негов кам – бек.

Холанѓанецот досега чекаше Фенербахче да му расчисти некои стари долгови, а оваа сезона речиси и да не настапи за тимот од Истанбул. Има само четири натпревари, а најчесто беше на листата на повредени фудбалери.

Се вчитува...