Ванчо Балевски скаут на Хајдук за Македонија

Прославеното име на македонскиот фудбал, Ванчо Балевски е подготвен во идниот период да биде дел од стручно-менаџерскиот тим на Хајдук во функција на потрага на млади таленти од македонскиот простор.

Балевски веќе во Сплит разговарал со раководството на Хајдук во желбата да помогне на тимот во кој мина одличен период во својата играчка кариера освојувајќи и еден Куп на поранешна СФРЈ.

„Секако има Хајдук свои врски на сите овие балкански простори, но сакам да помогнам на тимот во кој минав прекрасен период во мојата играчка кариера. Би бил скаут за Хајдук во Македонија, да соработувам со клубот и укажувам на млади таленти од Македонија, затоа што навистина има талент и потенцијал во Македонија кој може комплетно да одговара за Хајдук“ – вели меѓу другото 71-годишниот Балевски во разговорот за „Слободна Далмација“.

Балевски е добро познато фудбалско име во Сплит. Во 1975 година беше најголемиот трансфер во поранешната СФРЈ кога од Вардар премина во шампионот Хајдук. Меѓу сплитските „бели“ остана една година и пол, а потоа се пресели во германскиот бундеслигаш Карлсруе.

Се вчитува...