ВАР-драма во Германија: Играчите тргнаа кон соблекувалните, судијата ги врати за пенал

Мечот меѓу Мајнц и Фрајбург ќе остане запаметен како прв на кој судијата најпрвин ги испратил фудбалерите во соблекувална, а потоа ги вратил за да се изведе пенал.

Погодувате, станува збор за ВАР технологијата и погрешната судиска одлука во финишот од првиот дел, кога главниот арбитар не забележа играње со рака на еден дефанзивец на Фрајбург. Тој досуди крај на полувремето, но потоа му беше сугерирано за превидот, па немаше друго чаре освен да ги викне фудбалерите назад на терен, за пеналот да биде изведен.

Се вчитува...