ВАР екипата од дербито на Манчестер оди на „ладење“

Бурата околу дербито на Манчестер не стивнува. Судиското тело на Премиерлигата призна дека единствениот гол требало да биде поништен, а најголеми критики претрпеа судиите во ВАР-собата.

Главната забелешка кон ВАР-судиите беше дека требало да го повикаат главниот судија Мајк Оливер на консултација. Ова е така бидејќи судиите во ВАР-собата се фокусирале само на тоа дали Енцо Фернандез ја допрел топката, а не и на неговото потенцијално влијание врз играта, кое според судиското тело на Премиерлигата било очигледно.

Поради тоа, ВАР-тимот составен од Мет Донахју и Блејк Ентробас нема да суди на натпреварите овој викенд. Секако, најмногу се зборува за голот, но тоа не е единствената спорна ситуација.

Многу се дискутира и за црвениот картон на Фил Фоден. Тој навистина го удри капитенот на Јунајтед, Бруно Фернандеш, но претходно Португалецот го повлече англискиот репрезентативец, па затоа се смета дека и тој требало да добие картон, а многумина се на мислење дека се требало да заврши со жолт картон за двајцата.

Што се однесува до црвениот картон, Мајк Оливер веднаш го извади картонот, но од ВАР-собата не стигна никаква поинаква инструкција.

Се вчитува...