ВАР мораше да го казни Пикфорд без разлика на офсајдот, но судиите го заборавија тоа правило

Минатиот викенд е одиграно големото градско дерби меѓу Евертон и Ливерпул кое заврши без победник 2-2. Натпреварот на „Гудисон“ го одбележа тешката повреда на Вирџил ван Дајк кој ги скина лигаментите на коленото и надвор од терените ќе биде веројатно до крајот на сезоната. Холанѓанецот се повреди по бруталниот старт на голманот на „карамелите“ Џордан Пикфорд кој не доби ниту жолт картон.

Пикфорд се извлече бидејќи Ван Дајк беше во офсајд. Очекувано беше англискиот голман дополнително да заработи казна, но ФА соопшти дека такво нешто нема да се случи. Тоа што дополнително ги изнервира членовите на Ливерпул е фактот дека според ВАР правилата Пикфорд требаше да заработи црвен картон и покрај офсајд ситуацијата.

Англиските медиуми пренесуваат дека ВАР не ја ни прегледа ситуацијата бидејќи судиите кои беа задолжени за тоа го заборавиле правилото дека фудбалер може да добие црвен картон без разлика дали претходно е досуден офсајд или не.

 

Се вчитува...