ВАР му помогна на Ливерпул: Мане донесе водство во Порто

Садио Мане лани постигна хет-трик за Ливерпул во Порто, а Сенегалецот продолжи во ист стил и на вечерашниот дуел во Португалија меѓу двата тима.

Порто имаше целосна доминација се до 26. минута, кога Салах втрча во шеснаесетникот, умешно ја додаде топката до Мане, кој од непосредна близина ја смести во мрежата на Касилјас Судиите во прв момент го поништија голот поради офсајд, но ВАР-технологијата овојпат беше наклонета на тимот на Јирген Клоп, па по прегледување на видео-снимката погодокот беше признат.

Ливерпул сега е на чекор до полуфиналето, со оглед на фактот дека Порто треба да постигне четири погодоци ако сака да се пласира во следната рунда.

Се вчитува...