ВАР му поништи два гола на Челси, па освои само бод против Ливерпул

ВАР го спасуваше тимот на Ливерпул од пораз на гостувањето кај Челси. Два поништени голови за домаќинот на „Стемфорд Бриџ“ на Џејмс и Хаверц.

Челси и покрај тренерската смена беше поблиску до победа, но не успеаја да го добијат овој натпревар. Ливерпул, пак, може да биде задоволен затоа што имаше неколку удари, кои беа млаки за да се загрози Кепа. Најзрелата ја имаше Гомез кога шутираше прецизно, но Кепа одлично одбрани во првиот дел.

Во тимот на Челси по долга пауза се врати Нголо Канте во екипата.

Ова реми не одговара никому, со оглед дека и двата тима заостануваат многу од местата кои носат во Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...