ВАР во Италија: Прв пенал, и тоа против Јувентус… Буфон го одбрани

Јувентус важи за тим што има најголема поддршка од судиите во италијанското првенство, па интересно е што првиот пенал досуден со помош на ВАР-технологијата беше токму најтрофејниот клуб на Апенинскиот полуостров.

Кон средина на првото полувреме од дуелот Јувентус – Калјари гостите не реализираа убава шанса, беше досуден гол-аут, но по повторното прегледување на снимката главниот арбитар увиде дека имало старт за пенал, покажувајќи на белата точка. Тоа сепак не им помогна на гостите од Сардинија, бидејќи Буфон го одбрани пеналот на Фаријас.

„Старата дама“ по првото полувреме има предност од 2-0 со головите на Манџукиќ и на Дибала.

Gianluigi Buffon Amazing Penalty Save HD… by fififilive

Се вчитува...