Варан: Останувам во Реал Мадрид и следната сезона

Францускиот интернационалец Рафаел Варан ги разреши дилемите околу неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“. Иако беше поврзуван со можен трансфер во Јувентус или во Манчестер Јунајтед, сепак тој по разговорите со Зинедин Зидан одлучи да остане најмалку уште една сезона во Мадрид. Ќе биде тоа негова деветта сезона во дресот на „кралскиот клуб“.

„Ќе останам и следната сезона во Реал Мадрид и верувам дека ќе ги оживееме победничките емоции и ќе освојуваме трофеи. Во фудбалот има циклуси, знам дека не бев на врвно ниво изминатава сезона, но се надевам дека ќе отпочнеме нов триумфален циклус со Зинедин Зидан“, изјави Рафаел Варан.

Тој како 18-годишно момче дојде во редовите на Реал Мадрид.

Се вчитува...