Вардар доминантно до 11-та „ѕвездичка“, Работнички го освои Кратово

Вардар на доминантен начин стигнува до својата 11.шампионска ѕвездичка, откако по 32.коло веќе има недостижна предност во однос на конкурентите. Тимот на Гоце Седлоски со триумф од 6-0 над Македонија ЃП го прослави новиот шампионски пехар.

IMG_6359

Дејан Блажевски од пенал ја отвори серијата голови уште во шестата минута од пенал, а десет минути подоцна Бобан Николов зголеми на 2-0. Којашевиќ до крајот на првото полувреме постигна и трет гол за „црвено-црните“. Во вториот дел стрелаа и Блажевски уште еднаш, Барсегјан и Боарето.

IMG_6423

Шкендија пред празни трибини ја победи Брегалница со 3-0. Бесарт Ибраими беше стрелец на првиот гол, а во второто полувреме му се придружија и Бесарт Абдурахими и Марјан Радески меѓу стрелците.

Работнички оствари важна победа на гости во Кратово против Силекс со 0-2. Во 45.минута, Филип Ивановски ја погоди мрежата на Митровиќ, по одличната акција на Кире Маркоски по левата страна. На полувремето се случи инцидент, во кој напаѓачот на Силекс, Игор Недељковиќ заработи црвен картон. Без него, кратовци не можеа да стигнат до израмнување, а „романтичарите“ пропуштија неколку одлични шанси за втор гол преку Дурански, Кире Маркоски и Елмас. Но, во судиското продолжение, Иван Вуковиќ по еден класичен противнапад го постигна својот прв гол за Работнички, за конечни 0-2.

sileks - rabotnicki 2

Пелистер ја совлада Ренова со 3-0. „Пелистерци“ пред крајот на првиот дел го скршија отпорот на Ренова. Фернандо Силва во 41.минута го постигна првиот гол за битолскиот прволигаш, а само две минути подоцна Баже Илијоски зголеми на 2-0. Во 80.минута, Илијоски уште еднаш стрелаше во мрежата на „гипсарите“ за убедлив триумф.

Победа славеше значаен триумф (1-2) на Чаир против Шкупи. Иако домаќините поведоа со 1-0 уште во петтата минута со голот на Мбела, сепак, Гешоски израмни во 40.минута, а Дејан Цветаноски во 58.минута постигна победнички погодок за прилепчани.

ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 6-0

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА 3-0

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 3-0

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-2

ШКУПИ – ПОБЕДА 1-2

Табела: Вардар 75, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 48, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.

Се вчитува...