Вардар доведе нов голман од Брера

Вардар официјализираше уште еден трансфер, откако новиот првак на Македонија го договори доаѓањето на Даниел Диковски од редовите на АП Брера.

Овој 19-годишен чувар на мрежата ја почна кариерата во младинските категории на Македонија ЃП, оттаму се пресели во Брера, а по испаѓањето на струмичани од елитното друштво тој реши да се врати назад во главниот град, прифаќајќи ја понудата на „вардарци“.

Диковски потпиша тригодишен договор со Вардар и ќе биде дел од тимот од самиот старт на подготовките под водство на новиот тренер.

Тој доаѓа меѓу „црено-црните“ на местото на Ќосевски, кој летово ги напушта редовите на актуелниот шампион.

Се вчитува...