Вардар е страшен, Барса не знаеше што ја снајде во Скопје (фотогалерија)

Вардар демонстрираше зошто е актуелен европски првак, па во дуелот со најголемиот ривал ја декласираше Барселона. Не станува збор само за резултатот, туку за начинот на кој „црвено-црните“ доминираа, целосно диктирајќи го темпото.

Со Штербик на спротивната страна и полна сала против себе, каталонците не знаеја што ги снајде во Скопје, па не им остана ништо друго освен да честитаат за победата на поквалитетниот противник. И да се обидат да ги увидат и поправат грешки пред дуелот со Вардар во Барселона.

А „вардарци“, тие под водство на Раул Гонзалес делуваат фантастично, како што доликува на европските шампиони.

[new_royalslider id=”812″]

Се вчитува...