Вардар го демолираше Тиквеш, Јовчевски е херојот на Пелистер во Струмица

Вардар го продолжи шампионскиот поход со импресивно издание и убедлива победа од 7-0 над Тиквеш, декласирајќи ги гостите од Кавадарци кои најавуваа изненадување, но се враќааат дома со полна мрежа.

Раното водство им помогна на „вардарци“ кои во 3. минута поведоа преку Цветковиќ, по што гол-шоуто продолжи до крајот на полувремето, Вардар замина на одмор со 4-0, а меѓу стрелците се запишаа и Закариќ, Велковски и Јанкулов. Тиквеш остана со играч помалку по црвениот картон на Тасев пред крајот на првиот дел, а „црвено-црните’ ја искористија предноста од играч повеќе за да го дотолчат противникот, со хет-трикот што со три гола во второто полувреме го постигна Омерагиќ.

Така, капитенот на „црвено-црните“ во голем стил го прослави својот јубилеен 100. натпревар во дресот на Вардар.

Пелистер освои значајни бодови во трката за опстанок откако битолчани стигнаа до цел плен на гостувањето во Струмица против Брера (0-1). Мирко Ивановски беше стрелец на единствениот гол од пенал на самиот почеток од натпреварот, но херој на битолскиот клуб беше голманот Јовчевски кој одбрани пенал на Михајлов во првото полувреме.

Meчот го одбележа и повредата на домашниот фудбалер Ивановски, кој настрада по еден дуел во второто полувреме со голманот Јовчевски и со амбулантно возило беше пренесен во струмичката болница.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...