Вардар го купува Бесар Исени од Шкупи

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бесар Исени од Шкупи треба да биде второто засилување за шампионот Вардар на стартот од летниот преоден рок.

20-годишниот Исени, не во Работнички како што се шпекулираше претходно, но, според нашите информации, својата кариера ја продолжува во Вардар кој понудил далеку поповолни финансиски услови за ангажман на фудбалерот од средниот ред.

Исени остави одлична сезона зад себе во дресот на Шкупи, а веќе е дел и од новата генерација млади фудбалери на Благоја Милевски која од септември ја очекуваат квалификациите за ЕП 2019.

Претходно, како што е познато, Вардар ангажираше уште еден младински репрезентативец – Висар Муслиу од Ренова. За квалификациите од Лигата на шампионите планирани се и две квалитетни засилувања за офанзивните редови како подготвено би се дочекал ова лето настапот на европската сцена.

Се вчитува...