Вардар го потврди трансферот на Толедо

Европскиот ракометен првак и шампио на на СЕХА и на Македонија, Вардар во  новата сезона ќе биде засилен со доаѓањето на бразилскиот интернационалец Хозе Гиљермо Де Толедо (25). Тој потпиша двегодишен договор со европскиот првак Вардар, а игра на позицијата десен бек. Толедо е репрезентативец на Бразил, и има освоени златен (216) и сребрен (2018) медал од Пан Американските игри. Играше и на СП 2015 година во Катар. Толедо е вториот Бразилец во клупската историја што ќе настапува во дресот на Вардар.

„Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме уште подобра бековска линија во Вардар. Бразилецот низ своите настапи претходните години покажа дека може да биде корисен во секој тим. Неговата младост и пред се напаѓачки и одбранбени способности секако ќе бидат добредојдени. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата што ќе му биде укажана, и да покаже дека и ние и тој направил одличен избор со доаѓањето во Скопје“ – вели Давор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар.

Толедо има искутво во играње во европските купови од 2014 година кога потпиша за шпански Гранољерс. По една не цела сезона се сели во Висла Плоцк во Полска каде останува до крајот на сезоната 2018/2019. Последниве две сезони како член на Висла, бразилскиот ракометар постигна по 41 гол. Со тимот на Висла играше во осмина-финалето на ЛШ. На тие дуели со ПИК Сегед постигна вкупно 7 гола. Најмногу постигна против фински Кокс (8) и против Адемар Леон (7).

Вардар во пресрет на новата сезона се засили со голманот Артурс Кугис, Сергеј Горпишин, Димитар Димитриоски, Павел Атман и тренерот Давид Писонеро. Договорите со клубот ги продолжија и Сташ Скубе и Калифа Гедбан.

Се вчитува...