Вардар го промовираше и Дејан Цветаноски (ФОТО)

По промоцијата на крилниот офанзивец Дарко Размоски, најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска го промовира и второто зимско засилување. Нов член на „вардарци“ е напаѓачот Дејан Цветаноски, кој доаѓа од Силекс.

Цветаноски во кариерата има настапи за Напредок, Тетекс, Младост Царев Двор, Пелистер, Победа, Ренова и Струга Трим Лум, а последен негов клуб беше Силекс. Тој е поранешен младински репрезентативец на Македонија. , играше за младата селекција до 17 години.

По доцниот старт на подготовките Вардар утре во Кадино ќе го одигра и првиот контролен тест на овие подготовки со Тетекс.

Се вчитува...