Вардар го врати и Роберт Митев во своите редови

По Дарко Размоски и Дејан Цветаноски, Вардар со уште едно ново име за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.

Роберт Митев е трето ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок.

28 годишниот крилен напаѓач потекнува од фудбалска академија на Вардар каде сега повторно се враќа. Изминатава полусезона настапуваше за Охрид, а во својата досегашна кариера има играно и за екипите на Силекс, Тиквеш, Беласица…

Се вчитува...