Вардар ја честиташе титулата на Е. Пелистер, но изрази и силна благодарност до своите навивачи!

Од РК Вардар официјално упатија честитка до Е. Пелистер за освоената титула во ракометниот шампионат на Македонија.

„Вардарци“ во соопштението потенцираат благодарност и до сите навивачи кои вчера пружија несебична поддршка во „Јане Сандански“ во желбата за победа на тимот.

„Упатуваме честитки до екипата на РК Е. Пелистер за вчерашната победа и освоената титула во ракометната Суперлига. Огромна благодарност до нашите Комити, и до до илјадниците наши навивачи за одличната црвено-црна атмосфера. Вашата поддршка за време и по завршувањето на натпреварот е нашата најголема сила, наш најголем мотив да продолжиме уште посилно да се бориме за подобра иднина на клубот, за нови успеси! Очите на ракометниот свет вчера беа насочени кон Скопје, кон полната сала ,,Јане Сандански” која и покрај поразот на нашиот клуб, сведочеше на одличен дерби дуел, кој секако дополнително допринесува и кон поголема афирмација на македонскиот ракомет. Заедно Вардар повторно ќе го вратиме онаму каде што му е местото – на врвот. Еден живот – една љубов“ – се вели во соопштението од РК Вардар 1961.

Се вчитува...