Вардар Јуниор имаше сила само за едно полувреме против Бутел

Ракометарите на Бутел стигнаа до деветата победа сезонава во Суперлигата, откако во премиерниот меч од 12. коло на домашен терен беа подобри од Вардар Јуниор со 28-20.

Вториот тим на Вардар имаше сила само за едно полувреме во кое беше егал, со далеку поискусниот тим. Младите Вардарци одлично го отворија натпреварот и по првите седум минути имаа преднос од плус четири 1-5. Сепак избраниците на Грчевски успеаја да ги консолидираат редовите и до крајот на првиот дел да стигнат и до минимално водство од 13-12.

Вториот дел Бутелчани го стартуваа фуриозно и со серија од 8-2 стигнаа до дотогаш највисоките плус седум 21-14. Следуваше одлична игра и во продолжението на вториот дел на домаќините,кои на осум минути до крајот на мечот стигнаа и до највисоките плус десет (26-16). До крајот рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 28-20.

Марко Божиновски со 12 гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај гостите Крстивски и Дука дадоа по четири гола.

Се вчитува...