Вардар не би требало да има мака со Загреб

Вардар игра извонредно на стартот од сезонава, како што му доликува на актуелниот европски првак, па „црвено-црните“ очекуваат серијата да продолжи и по денешниот дуел со Загреб (17 часот, СЦ „Јане Сандански“). Нема дилеми дека квалитетот е на страната на „вардарци“, но македонскиот првак не заборава дека лани првиот пораз во ЛШ го претрпе токму од овој ривал, тогаш на гостински терен во Хрватска. Токму затоа, Раул Гонзалес ги предупредува своите ракометари максимално фокусирани да влезат во денешниот дуел.

Загреб има многу добри играчи со искуство како Хорват и Марковиќ, но имаат и млади играчи кои се квалитетни. Очекувам многу тежок натпревар. Тие играат 6-0 зона, ама можат да сменат во 5-1. Нивната одбрана е супер и добро организира на 5-1 зона со Марковиќ напред и затоа мораме добро да се подготвиме. Сега сме прво место во групата, имаме добра шанса да останеме први и не треба да се опуштаме. Ние сме фаворит, но треба да го почитуваме противникот. Сакам да играме добар натпревар, и да победиме. Можеме да ја подобриме играта од дуелите против Нант и Висла. Ги покануваме сите навивачи да дојдат, зашто кога салата е полна и ние играме многу подобро“– истакнува Гонзалес во пресрет на пресметката со хрватскиот шампион.

На клупата на Загреб седи ланскиот тренер на Пелистер, Касим Каменица, под чие водство овој клуб по првите две кола освои еден бод (реми против Кристијанштад, па пораз на домашен терен од ПИК Сегед.

Се вчитува...