Вардар носи ново крило од Хрватска на местото на Чупиќ?

Иван Чупиќ дефинитивно на крајот од сезонава си заминува од Вардар, за кариерата да ја заврши во татковината носејќи го дресот на ППД Загреб. „Црвено-црните“ во меѓувреме се во потрага по ново десно крило, а според хрватските медиуми меѓу желбите на македонскиот првак се наоѓа и Јосип Божиќ – Павлетиќ.

Станува збор за ракометар на Загреб чија улога во тимот дополнително ќе се лимитира со доаѓањето на Чупиќ. Хрватскиот првак сака да се ослободи од него, а останува да се види дали Вардар ќе реши да го ангажира, особено по потпросечните изданија на двајцата Хрвати кои пристигнаа минатото лето во Скопје, бековите Гаџа и Векиќ.

Божиќ – Павлетиќ е член на Загреб од 2017 година, кога пристигна од редовите на Нексе. Тој мина три сезони во дресот на хрватскиот шампионат, во претходните му беше резерва на Хорват, но ниту по заминувањето на клупската легенда тој не успеа да се наметне како прв избор на стручниот штаб на Загреб.

Се вчитува...