Вардар носи се пред себе (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Подмладен, надојден, моќен….Овој нов Вардар што го предводи Александар Васоски делува навистина моќно. Стабилен и цврст во одбраната, со одличен голман од калибарот на Гачевски, работлив среден ред и луцидниот Аврамовски напред, кој секогаш умее да ја валоризира со голови добрата игра на целиот тим. На ваков начин „црвено-црните“ и денеска го совладаа Работнички во градскиот дуел и се искачија повторно на првото место на табелата. Можеби тоа сите и не го очекуваа, во конкуренција на актуелниот шампион Шкендија, но Вардар делува моќно и носи се пред себе…

 

Се вчитува...