Вардар одолеа во Тетово, триумфи за Академија Пандев и за Борец

Лидерот Вардар успеа да освои бод во Тетово играјќи 0-0, што дефинитивно покажува дека Шкендија оваа сезона не е така моќна како во изминатите две. Голманот Филип Гачевски имаше неколку одлични интервенции, пред се по ударите на Бесарт Ибраими, одбраната на гостите делуваше цврсто, а Шкендија не знаеше како да ја пробие. Во последните мигови и Шефит Шефити имаше убава шанса, но Гачевски повторно одбрани.

Академија Пандев го совлада Силекс со 2-0. Љупчо Дориев во 38.минута го отвори резултатот, а Ѓорѓи Стоилов од пенал во 70.минута го потврди триумфот.

Без голови заврши дуелот меѓу Македонија ЃП и Шкупи во Ѓорче Петров, но затоа ги имаше дури пет во Велес, на пресметката меѓу Борец и Струга Трим Лум.

Христијан Кировски во петтата минута ги доведе стружани во водство, а Борец израмни со автоголот на Драгарски. Симеон Христов од пенал во 41.минута донесе пресврт, но само една минута Кировски успеа повторно да израмни.

Борец стигна до триумф од 3-2 со голот на Никола Прелчец во 57.минута од средбата.

Вчера, Работнички ја совлада Ренова со 1-0.

ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 0-0

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС 2-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0-0

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 3-2

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1-0

Табела: Вардар 20, Академија Пандев 18, Македонија ЃП 15, Шкупи 13, Ренова 13, Шкендија 11, Работнички 10, Силекс 9, Струга ТЛ 8, Борец 8.

Се вчитува...