Вардар против Ренова за пет бода „бегство“ на врвот пред „пандевци“

Вардар има можност да биде со пет бода предност во однос на второпласираната Академија Пандев на врвот од табелата по 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. По вчерашното реми на „пандевци“, Вардар со триумф денеска против Ренова ќе биде веќе со значителна предност на врвот.

Сето тоа е силен мотив за „црвено-црните“ за три бода од денешниот дуел. Вардар доживеа елиминација во осминафиналето од Купот на Македонија па целокупниот фокус на тимот сега е насочен кон првенството и атакот на шампионската титула.

Ренова, пак, од претходните четири натпревари има само еден бод што дефинитивно е инспирација повеќе за максимално издание токму против Вардар и излез од кризата.

Во Скопје интересна пресметка и во Чаир каде Шкупи го пречекува тимот на Струга Трим Лум. Шкупи со триумф ќе се зацврсти на третата позиција на табелата.

ПРВА ЛИГА – 13. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС
Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ
Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА
Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ

ВЧЕРА
Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 1-1

Се вчитува...