Вардар се засили со српскиот репрезентативец Урош Митровиќ

Ракометниот клуб Вардар потпиша со 20-годишниот српски интернационалец Урош Митровиќ. Тој доаѓа од екипата на Тулуз во Франција, а зад себе има и интернационална кариера и во Полска и Австрија. Во Вардар треба да остане најмалку до јуни 2027 година.
 Леворакиот Митровиќ е репрезентативец на Србја и настапуваше и во квалификациите за ЕП 2026 година. Настапувал и за младинските селекции на Србија. Со Тулз играше и во Лигата на Европа и ситга до главната фаза.
Пред Тулиз, Митровиќ играше и за Брегенц од Австрија, а мина и една сезона во Висла Плоцк во Полска.
Сезонава играше на вкупно 39 натпревари во различни категории (клуб и репрезентација) и постигнал 34 гола.
„Голема ми е чест и задоволство да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја. Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло, изјави Урош Митровиќ.

Се вчитува...