Вардар се засилува и со бразилскиот „бомбардер“ Толедо од Висла Плок

Продолжувајќи со обновувањето на играчките редови за новата сезона, европскиот шампион Вардар е пред ангажман на бразилскиот „бомбардер“ од редовите на полската Висла Плок, Хозе Толедо.

25-годишниот Толедо, и покрај претходните најави, не го продолжи договорот со Висла одлучувајќи да ја напушти Полска. Па, според последните информации, сега е пред можност за трансфер во редовите на Вардар како дополнение на бековските позиција на Даинис Криштопанс.

Толедо е и бразилски репрезентативец, висок 193 сантиметри. Освојувач е на златниот медал од 2016 година од Панамериканските игри.

Се вчитува...